Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Заглавени гости од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило

Planina Sneg.jpg

Гости од хотелот „Радика“ во Маврово, што беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, што вози пред нив и им го расчистува патот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Од последниот контакт во 20 часот со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возило на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта вози напред, а по него се гостите од хотелот со своите возила. Возат бавно, но ќе успеат да стигнат до конечните дестинации“, велат од ЦУК.

Екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта во текот на денот вршеле сечење на паднатите дрвја на делницата до хотелот.

На терен имало и машина за чистење снег, која ги расчистувала снежните наноси на овој потег.

Според ЦУК, висината на снежната покривка на овој дел е околу 80 сантиметри.

Од ЦУК информираат дека поради врнежите од дожд, состојбата во поголемиот дел од Северозападниот Регион е стабилна и сообраќајот се одвива нормално, а снабдувањето со електрична енергија е редовно.

Можете да прочитате

Љутков од Битола: Започна реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан, капитален проект вреден 96 милиони денари 

„Лена и Владимир“ на Игор Алексов ја освои наградата на жирито за најдобра драма на 4. филмски фестивал „Голден Харвест“ во Токио

Мицкоски: Во првиот квартал реализација на автопатиштата е за 4 пати поголема споредбено со лани