Утрински Весник
Македонија

Димевски: Има многу мерки за намалување на аерозагадувањето, но дел од нив не се популарни за политичарите

Zrak06.jpg

Јане Димевски од „Шанса за Центар“ – советник во Општина Центар во вечерашниот подкаст со Д-р Марина зборуваше за граѓанското учество во креирањето политики кои имаат за цел намалување на аерозагадувањето во Скопје. 

Димевски кој е и активист посветен на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина издвои неколку примери на мерки кои можат да бидат ефикасни во справувањето со загадувањето.

„Кога сме кај домаќинствата, веќе има некој додаток, се вика адаптер, кој се додава на оџакот на печката и тој прави второстпено, па дури и третостепено согорување на самите гасови кои излегуваат од горењето на дрвата, бидејќи во нив имало упте многу материја која може да согорува и да ослободува уште топлина и тоа остава на крај многу малку да излегува од оџакот. Има многу решенија и тоа е најболното во оваа приказна, во светот има бројни решенија совршено применливи и овде. Меѓутоа нашата пресметка како екологисти, како граѓани, како здравствени работници, не се совпаѓа со онаа на политичарите кои треба да ја донесат одлуката. Тоа можеби се сетови на помали мерки кои не се така звучни или да ги речеме популарни за рекламирање на политичарот и придобивките од нив не се согледуваат веднаш, туку можеби тоа ќе се случи после 10 години“ кажа Димевски. 

Според него, политичарите сакаат брзи решенија со цел да се пофалат пред гласачите, но додаде дека кога се работи за борбата против загадувањето некои решенија треба да се реализираат континуирано со години за да дадат резултат.

Можете да прочитате

Од утре ќе се бојкотира наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Првиот човек на ФЗО поднел кривични пријави против шест директори на здравствени установи