Утрински Весник
Свет

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Izrael.jpg

Израелската армија објави дека денеска, на третиот ден од прекинот на огнот меѓу либанскиот Хезболах и Израел, ја гаѓала областа во јужен Либан каде е забележано движење на ракетниот фрлач на таа проиранска организација.

Како што се наведува, армијата ќе го спроведе прекинот на огнот со употреба на сила.

Претходно денеска израелската армија неколку пати го нападна јужен Либан, објавија либанските државни медиуми, а во четвртокот израелско беспилотно летало нападна складиште за оружје на Хезболах.

Либанската армија сè уште не кажа ништо за последниот напад, но претходно го обвини Израел дека неколку пати го прекршил примирјето откако стапи на сила рано во средата.

Израелските медиуми објавија дека мобилен ракетен фрлач со среден дострел бил нападнат со беспилотно летало.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) се распоредени во јужен Либан и дејствуваат за да ги елиминираат заканите за Израел и прекршувањето на договорот за прекин на огнот“, се додава во военото соопштение.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе