Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Го осудувам сквернавењето на македонското знаме, предупредивме дека вакво нешто ќе се случува

Mickoski.webp.webp

Премиерот Мицкоски вели дека сквернавењето на македонското знаме најостро го осудува и тоа претставува чин на агресија и е нешто за што предупредиле дека ќе вакво нешто ќе се случува.

„Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација на случувањеата и креирање на етнички тензии дека ќе има и ќе има во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе има и во иднина, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“, кажа Мицкоски

Премиерот и честиташе на полицијата за брзата рекција и посочи дека секој кој ги прекршил законите ќе одговара.

„Честитам на навремената, трезвена, државничка реакција на МВР и Бирото за јавна безбедност, СВР Скопје, припадниците на МВР кои не дозволија ескалирање, но истовремено реагираа во насока на приведување на лица кои го сквернавеа македонското државно знаме. Тие се веќе приведени, во текот на денот се очекува да бидат изведени пред судија“, подвлече Мицкоски и додаде дека нема да има милост кон никого.

„Секој кој ќе ги прекрши Законот и Уставот ќе одговара.Ние како Влада гарантираме безбедност, трезвена акција на МВР и државничко однесување“, потенцираше Мицкоски.

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог