Утрински Весник
Скопје

Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс” – признание за трудот на Центарци

Nagradi Feniks 11.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс” за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области.

„Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите Центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена”, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените.

Во категоријата поединци и групи – творци, добитници на наградата се:
– Љупчо Трајковски  Фис – композитор, познат по „Дебармаалска елегија”.
– Михаил Арсовски – иноватор и едукатор, награден за постигнувања во природните науки.

Во категоријата наградени ученици и студенти:
– Кристијана Пецалевска – ученичка во V одделение при ООУ „Кочо Рацин”, наградена за натпревари по математика и ликовна уметност.
– Ива Амелија Микулчиќ – ученичка во IV одделение при ООУ „Гоце Делчев”, наградена за постигнувања во пијано.
– Су Али – ученичка во ООУ „Коле Неделковски”, за успеси во модерен танц.
– Дамјан Давидовски – ученик во IX одделение при ООУ „Кочо Рацин”, водечки македонски скијач во категорија јуниори.
– Мила Митровска – ученичка во ООУ „Димитар Миладинов”, за постигнувања во природните науки.
– Паноника Хаџи-Стефанова – ученичка во ООУ „Св. Кирил и Методиј”, за значајни резултати на регионални натпревари.

Наградените добија дипломи и паричен износ од 20.000 денари.

Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат посветено да ги мотивираат жителите на Центар кон нови успеси, поттикнувајќи ги да бидат амбасадори на креативноста, знаењето и иновативноста.

Можете да прочитате

Општина Чаир изразува сочувство по повод смртта на Владо Јаневски

Привремени прекини на струјата во делови од Скопје поради планирани интервенции на мрежата

Започнува платформата „Чаир во ритамот на здравјето” со мерки за заштита од летните горештини