Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон

1 6.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Обединетото Кралство.

За време на средбата беа разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Република Северна Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи.

Министерот Муцунски го запозна соговорникот со економските  приоритети на Владата на Република Северна Македонија и изрази задоволство од континуираниот раст на трговската размена со Обединетото Кралство. Укажа дека постојат цврсти основи за нејзино зголемување во иднина и го подвлече значењето на јакнењето на меѓусебната соработка на полето на инвестициите.

Комесарот Бартон го истакна интересот на Обединетото Кралство за поддршка на британските инвестиции во нашата земја и продолжување на развојот на економските односи преку подобрување на деловната клима.

Двајцата соговорници разговараа и за продлабочување и проширување на соработката согласно Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалните области на соработка, особено развојот нановите технологии, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, размена на добри практики во полето на дигиталната и еколошката трансформација.

Можете да прочитате

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа

Филипче ќе посети земјоделци во Долни Балван