Утрински Весник
Свет

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

20241129080045 Big 730x400 88.webp.webp

Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во Европската унија.

Илјадници луѓе се собраа во главниот град Тбилиси, откако премиерот Иракли Кобахидзе ја објави одлуката во време на постизборна криза поради која претседателката на земјата го оспори легитимитетот на новоизбраниот парламент и влада.

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, ја обвини Владата на премиерот Иракли Кобахиџе дека со таа одлука „објавува војна“ на сопствениот народ, и според западни медиуми, на улиците имало илјадници поддржувачи на членството во Европската унија.

Зурабишвили го поддржува членството, но нејзината функција претседател е церемонијална според Уставот.

Грузија ги прекина пристапните преговори со Европската унија на четири години поради „уцени и манипулации од одредени европски политичари и бирократи“, изјави вчера премиерот Иракли Кобахидзе.

Тој го објави ова неколку часа откако членовите на неговата партија Грузиски сон го реизбраа за премиер.

Кобахидзе рече дека неговата земја, иако сака да биде примена во Европската унија, „нема да се занимава со отворање на пристапните преговори до крајот на 2028 година“, а дотогаш ќе одбие какви било средства од буџетот на ЕУ.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк