Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

Interv U Gensek Sasha Dimitri Evi .jpeg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

СДСМ од вчера влезе со нов, млад и амбициозен тим и тоа ќе се види во следниот период. Партијата чекор по чекор се консолидира, и ќе се посвети на креирање политики со кои ќе бидеме будна опозиција. Уште денес започнавме со работа, со координација и со одредени активности коишто ќе следат во идниот период. Главниот фокус ќе го ставиме на консолидација на партијата, посета на општинските организации, разговори со членството, рече новиот генерален секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во интервјуто на ТВ 21.

-Увидовме одреден број на работи коишто во минатото на СДСМ им се забележувале во односот кон членството, во изборот на кадрите, во сите тие организациски структури. Планот веќе е направен и претседателот Венко Филипче вчера нагласи дека од утре ќе излеземе на терен и ќе ја покажеме новата енергија и новата визија на СДСМ, рече Димитријевиќ.

Во интервјуто тој нагласи дека пораките коишто СДСМ ќе ги испрати до членството, е да се слушне мислењето од сите членови во кој правец треба да се движи партијата. Најважно е сите овие информации да потекнуваат од базата, бидејќи тоа се луѓето кои се на терен, кој се со народот и најдобро ги знаат пораките кои треба СДСМ да ги прати во јавноста.

Во однос на прашањето дека никој од владејачките структури не упати честитка за изборот на новото раководство на СДСМ, генералниот секретар Димитријевиќ рече: Жална е сликата што ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да одвојат еден дел за честитка за политичкиот опонент, и тоа многу кажува за нив. Мојот впечаток е дека кај нив владее страв и паника од тоа што СДСМ чекор по чекор се консолидира со нови млади амбициозни луѓе, којшто ќе се посветат на креирање политики и кои ќе бидат будна опозиција.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски