Утрински Весник
Свет

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

20241128120314 Big 730x400 47.webp.webp

Русија врати седум деца на Украина со посредство на Катар, јавува ТАСС.

Катар неколкупати досега посредуваше меѓу Русија и Украина за враќање на украински деца од почетокот на војната.

Собирот на неколку семејства се одржало во катарската амбасада во Москва, со присуство на катарскиот амбасадор Ахмед бин Насер бин Џасем ал Тани и рускиот претседателски пратеник за правата на децата, Марија Лвова-Белова.

– Катар посветува големо внимание на хуманитарните активности и тие ќе продолжат, изјави амбасадорот.

Според Лвова-Белова, поголемиот дел од децата живееле во Русија со блиски роднини, најчесто баби и дедовци. Едно 16-годишно момче, кое било без родителска грижа од раѓање, било сместено во дом за сираци и сега ќе биде под грижа на својот брат.

ТАСС посочува дека вкупно 15 деца од 10 семејства се вратени кај своите роднини во Русија, додека 87 деца од 69 семејства се вратени во Украина или трети земји.

Можете да прочитате

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две

Дронови нападнаа бродови кај Бугарија, еден потона

Киев нападнат со балистички ракети, експлозии во Лавов, Запорожје и Харков; Москва нападната со над 400 дронови