Утрински Весник
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да престане да се крие зад институцијата Град Скопје и да ја користи како нејзин личен инструмент

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Данела Арсовска не само што неуспешно  се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува.

Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон.

Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.

Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.

Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што  500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.

Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.

Ова што го прави Арсовска е само драматизација.  Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција.

Можете да прочитате

СДСМ поднесе иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

Скопје утрово прв град во Европа по загаденост на воздухот – Трет во свет