Утрински Весник
Македонија

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

Vlen 1.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на ВЛЕН:

Коалицијата ВЛЕН на Албанците насекаде во светот каде што живеат им честита 28 ноември – Денот на независноста на Албанија. На претседателот Бајрам Бегај, на премиерот Еди Рама и на сите функционери и граѓани на албанската држава им ја посакуваме 112-годишнината од независноста на Албанија. Покрај тоа што е историски ден, ова го означува и финализирањето на континуираните напори и нашиот вековен сон за етничка држава на овие земји.
Овој важен датум за сите Албанци не потсетува на сензибилизирачкиот повик да останеме и да славиме заедно. 28 ноември е симбол на издржливоста, отпорот и решителноста на албанскиот народ низ вековите, но е и аманет да се продолжи ова свето патување. Одбележувајќи го овој историски ден, никогаш нема да ги заборавиме трагите од нашата историја.
Овој датум ја памети жртвата на генерациите за реализација на идејата нашите преродбеници. Албанците никогаш не освоиле ништо случајно, ниту пак добиле подарок, но се е резултат на труд, работа и неспоредлива жртва на идеолози и соработници како Сами Фрашери, Пашко Васа, Исмаил Ќемали и Хасан Тахсини, преродбеници луѓе кои продолжуваат да не инспирираат и до ден денес да продолжиме со работа и напори да се посветиме на албанскиот народ каде и да живее. Тешкотиите низ кои поминаа нашите генерации се исто така инспирација да го продолжиме нашето чисто национално патување.
Оваа транзиција низ годините е најдобрата лекција за денешните генерации, дека независната држава бара соработка за интеграција, незапирлива работа за обезбедување квалитетен живот на сите народи, но бара одговорност во управувањето и достоинствено лидерство. Коалицијата ВЛЕН во овој период додека е во Владата е силно ангажирана во заштитата и унапредувањето на правата на Албанците во Северна Македонија.
Коалицијата ВЛЕН им честита на Албанците и повикува на соработка и разбирање, бидејќи само така ќе одиме напред!

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален