Утрински Весник
Балкан

Четворица загинати и 16 спасени во потонат брод со мигранти кај грчкиот остров Самос

20241125120922 Big 730x400 52.webp.webp

Безживотните тела на четири лица биле извлечени од морскиот дел североисточно од грчкиот остров Самос, по новата несреќа со мигранти, додека пак спасени биле 16 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција информираа дека во тек е акција за спасување и пронаоѓање на евентуално исчезнати лица, а вклучени се патролни бродови и копнени сили.

Според грчката телевизија ЕРТ несреќата се случила откако пластичен чамец во кој се пренесувал засега непознат број мигранти, удрил во карпа, а меѓу загинатите се и две деца.

Ова е трета несреќа со мигранти во Грција од почетокот на седмицава, со оглед на тоа што во понеделникот во два одвоени несреќи животот го загубија вкупно девет лица.

Можете да прочитате

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица

Вучиќ: Воениот сојуз Загреб-Тирана-Приштина е насочен против српските интереси

Опасен вирус се шири во Србија, над 9 илјади заболени