Утрински Весник
Македонија

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

Bebe Noga 960x640 1.jpg

Мајката-херој која 35 години се борела со стерилитет, имала десет ин витра и десет спонтани абортуси, денеска беше испратена од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје дома, со својата рожба Петар в раце.Оваа мајка на 61-годишна возраст, е највозрасната родилка во Македонија.

Овие родители не потклекнале на неуспесите, не потклекнале на притисоците од околината, на предрасудите и стереотипите со коишто живееме. Затоа на Петар и на неговите родители им посакувам да имаат многу прекрасни моменти и уште долго да уживаат во прекрасни семејни моменти – рече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Ирена Алексиовска Папестиев на средба со новинарите.

Денеска и мајката и бебето во одлична општа состојба беа испратени дома, заедно со 65-годишниот татко, кој веќе е пензионер, и се шегува дека нема да имаат проблеми со тоа кој да го чува Петар. Двајцата се во брак 37 години и исто толку време се трудат да добијат деца. Таа имала десет неуспешни ин витра, имала 10 спонтани абортуси, меѓшутоа не се откажала и конечно го изреализира својот сон.

Скопјанката која на 61-година стана мајка за прв пат уште пред триесетина година замрзнала јајце клетки, затоа што се соочувала со повеќе гинеколошки проблеми.

Во одредени држави постои законски одредена возрасна граница до кога може да се употребуваат овие асистирани репродуктивни техники, меѓутоа во нашата држава и во некои други, не постои таква граница и затоа кај жената било направени ин витро фертилизација со нејзината сопствена јајце клетка којашто своевремено, уште кога почнала да го третира својот проблем со инфертилитет истата ја замрзнала – вели директорката на Гинекологија.

Прашана дали со пациентката разговарал психолог, Алексиовска вели дека по протокол имаат психолог кој разговара со пацинетките, но дека оваа пациентка била пресреќа и прекрасно расположена, па сите разговарале со неа и утврдиле дека нема да има никаков проблем по раѓањето.

Ин витро фертилизацијата и следењето на бременоста на жената биле направени во приватни клиники во Скопје, а раѓањето во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот