Утрински Весник
Свет

Лами: Британија не испраќа војници во Украина

20241126094035 Big 730x400 24.webp.webp

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека неговата држава нема да испрати војници во Украина, откако одредени медиуми сугерираа дека Британија и Франција ја разгледуваат таа опција, пренесе ДПА.

Тензиите меѓу Русија и Западот значително ескалираа во последните денови, откако американскиот претседател Џо Бајден ја овласти Украина да користи ракети со гомел дострел доставени од САД за да нападне цели во Русија.

„Монд“ вчера објави дека Франција и Велика Британија „не ја исклучуваат“ можноста за испраќање војници и приватни одбранбени компании во Украина, повикувајќи се на неименувани извори.

Дебатата за испраќање војници во Украина беше повторно разгорена по посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Францијана 11 ноември, пишуваат француските весници.

Но, британскиот министер за надворешни работи рече дека ставот на Лондон е да не испраќа војници во Украина и – не е променет.

„Јасно е дека сме подготвени и дека продолжуваме да ги поддржуваме Украинците, особено со тренинзи, но постои долгогодишен став дека не испраќаме британски војници на местото на настанот“, изјави Лами за весниците Ла Република, Ле Монд и Велт на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.

„Тоа е секако ставот на Обединетото Кралство и останува став на Обединетото Кралство во овој момент“, рече тој.

Официјалниот портпарол на Стармер рече дека „нема планови“ за испраќање војници во Украина.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата