Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ неделава, најверојатно во среда, ќе ја одржи својата прва седница.
На седницататреба да се изберат и потпретседатели и секретари на партијата.
Најсериозен кандидат за иден генерален секретар на СДСМ според информациите на 24инфо.мк е поранешниот советник на Зоран Заев, Митко Андреевски.
За четирите места потпретседател на СДСМ, се вртат неколку имиња, а како што дознава 24инфо.мк најсериозни кандидати се Менде Илиевски од Битола, коносителот на последните парламентарни избори во ИЕ 6 Агрон Демири и поранешната пратеничка Даниела Колева.
СДСМ во иднина ќе функционира со двајца организациски секретари, а неофицијално на оваа функција ќе бидат поставени екс пратеникот Мартин Костовски и Бранко Георгиевски, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.
За сега нема информации кој ќе биде задолжен секретар за меѓународни односи.
Вчера СДСМ го одржа 30тиот Конгрес каде за заменик претседател на партијата беше избрана Фани Каранфилова Пановска.