Утрински Весник
Скопје

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

468448239 603330208875767 8487927955486448247 N.jpg

Ве замолуваме да не напуштате мали кучиња пред ЈП Лајка, апелираат од Јавното претпијатие.

„Напуштањето на домашни миленици, според законот за заштита и благосостојба на животните, член 26, е забрането.

Воедно сакаме да предочиме дека стационарите каде транзитираат голем број на кучиња се последното место каде треба да оставите мали кучиња. Според програмата за работа ЈП Лајка не смее да ги прифаќа кучињата на возраст под 7 месеци, ниту има можност за нивно трајно вдомување или лекување.

Со оставање на мали кучиња пред ЈП Лајка, ги осудувате на контакт со вируси на кои нивниот имунитет не може соодветно да се спротистави, имаат нула шанса за преживување и подложни се на болно умирање. Немојте, со намера да направите добро дело, да направите непоправлива штета.

Бидете одговорни, стерилизирајте го вашиот миленик и превенирајте нови непожелни единки на улица.

Укажуваме дека просторот пред вратите на ЈП Лајка е биде под видео надзор, а секое подметнување на кучиња ќе биде пријавено кај надлежните органи“ велат од ЈП Лајка.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

Утре делови од една скопска општина без вода

За време на викендот во Скопје отстранети 60 кубни метри отпад