Утрински Весник
Македонија

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Dsc 2134 Scaled 1.jpg

Полициските службеници кои учествуваа во транспортот на обвинетите во случајот на убиството на Вања и Панче негираат дека имало предавање на писмо меѓу него и Палчо во рамки на транспортот. Ова за Курир го изјави Бобан Утковски, директорот на КПДУ „Скопје“ од Шуто Оризари. Вели дека зборувал со нив и дека полицајците кои учествуваа во транспортот на обвинетите потенцираат дека нема шанси такво нешто да с еслучило. де

„Претходно тие се претресени од нашите службеници и врзани се со лисици, по што истите се ставени во возило со службеник внатре и нема шанси да има таков контакт. Во зависност од тоа тоа колку возила имаме ние ги возиме т.н. „двајца по двајца“, а од овој пат по наредба на судот веќе ги двоиме во посебни возила. Но тие се среќаваат во судот, разговараат и може да се договорааат, но физички контакт со примопредавање, такво нешто нема, “ изјави Утковски за Курир.

„Нивната цел е да ја префрлат одговорноста на одредени институции, одговорност која што не може да се префрли“, посочува директорот на КПДУ „Скопје“ во изјавата за Курир.

Инаку, денеска обвинетиот Влатко Кешишев ја повлече претходната изјава за местенка на Палчо со ново тврдење – дека Љупчо Палевски му ја дал таа изјава за време на транспортот во затворското комбе, за тој своерачно да ја препише и да му ја достави на судот. Кешишев истакна дека преписот го направил од страв од Палевски и ја депонирал изјавата до судот.

Можете да прочитате

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички