Утрински Весник
Македонија

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Taravari Bir Bb.jpg

Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња.

– Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму, рече Таравари.

За прозивката во изјавите на лидерот на ДУИ испратени од Цирих деновиве, дека ВЛЕН ги урива достигнувањата на Албанците кои се постигнати изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.

– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии, рече Таравари.

Можете да прочитате

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица