Македонската репрезентација составено од фудбалерки до 19 години, од 27 ноември до 3 декември ќе учествува на УЕФА квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Португалија.
Македонија се наоѓа во А лигата (2 рунда), каде за противници ќе ги има селекциите на Франција, Португалија и Словачка.
Првиот меч од квалификацискиот турнир македонските фудбалерки ќе го имаат на 27 ноември против Франција.
Во второто коло „црвено-жолтите“ ќе се соочат со домаќинот, репрезентацијата на Португалија. Овој дуел на програмата е на 30 декември, а во последното коло, играат против Словачка, на 3 декември.