Утрински Весник
Спорт

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

20241125100711 Big 730x400 61.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по освојувањето на титулата викендов на трката за Големата награда на Лас Вегас, зборуваше за неговата кариера.

– Ако луѓето се критични и велат дека можам да победам само со најдобриот болид, јас им докажувам дека грешат. Ако сега не ми дадат кредит, не знам што друго да правам. Дали би станал шампион во Мекларен? Да! И тоа многу побрзо. Во 2021 година, во друг болид, исто така би ја освоил титулата, изјави четирикратниот шампион во Формула 1.

Макс се сомнева дека кој било друг возач е способен да ја освоеше титулата во болидот на Ред Бул тековата сезона.

-Ние сме во Вегас, можете да се обложите на ова мое тврдење, истакна холандскиот пилот.

Верстапен го обезбеди трофејот на две трки пред крајот на сезоната 2024.

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk