Утрински Весник
Спорт

Рутинска победа на Реал кај Леганес

12647862.jpg

Фудбалерите на Реал го совладаа истоимениот домаќин со 3:0 (1:0) во мадридското предградие Леганес и се вратија на второто место на табелата во Примера.

Килијан Мбапе, по подолго време одигра добар натпревар, го постигна првиот гол во 43. минута, а победата на Реал подоцна ја потврдија Федерико Валверде (66) и Џуд Белингем (85). Лука Модриќ влезе во игра во 83. минута на местото на Килијан Мбапе. Францускиот ас беше прогласен за играч на натпреварот.

Реал со деветтата сезонска победа стигна до 30 бода и повторно го зазеде второто место кое накратко беше минат од градскиот ривал Атлетико со 29 бода. Лидерот Барселона има 34 бодови, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид.

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони