Утрински Весник
Македонија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

Whatsapp Image 2024 11 24 At 17.23.56 3bd177d5.jpg

Во вечерашниот подкаст ЗРАK со д-р Марина Вукашиновиќ, гостуваше пејачката Милица Кузмановска која е и потпреседател на Хема – Онко, здружение за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели.

Кузмановска ги запозна гледачите со тоа како настанало и како функционира здружението Хема – Онко.

„Идејата за Хема – Онко беше да се оформи едно здружение со хематолошки малигнитети, така функционираме од 2018 година кога е формирано здружението до пред една година, кога заради појавата на огромен број на пациенти во нашето здружение кои бараа секаков вид на помош, а тоа се пациенти со различни видови на рак, дојдовме до идеја да се насочиме кон овие пациенти. За да се води едно здружение потребно големо знаење и образование. сите активности на Здружението бараат и лидерски и менаџерски и медијаторски вештини. Ова здружение треба да делува како коректор на политиките на Владата во делот на здравството“ рече таа.

Кузмановска потоа се осврна на важноста од превентивните прегледи за жените.

„Скринигот за канцер на дојка е за жени од 40 до 69 години. Јас успеав да закажам за два дена, по електронски пат, отидов и се снимив. Така што системот навистина функционира“ вели Кузмановска апелирајќи до сите жени во таа возрасна група, да посветат поголемо внимание на скринингот.

Можете да прочитате

Времето денеска: Облачно со повремен дожд, а од утре голема промена

По седум дена мистерија – пронајдена исчезнатата скопјанка, видете што се случило

Управниот суд донесе пресуда со која ја поништува одлуката на Собранието за именување на уставниот судија Елизабета Дуковска