Утрински Весник
Спорт

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

468214554 1120052600130443 340198396384694488 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Силекс го победи Шкупи во Скопје, Гостивар со минимален резултат славеше над „фенерџијата“ Тиквеш, Работнички ја прекина серијата без победа против Беса, шампионот Струга ремизираше кај АП Брера, а Вардар одигра без голови во Охрид против Воска спорт.

По некомплетното 15.коло во Првата македонска фудбалска лига, на првите две места се Гостивар и Силекс. На лидерската позиција може да им се приклучи и Шкендија доколку слави во Битола кај Пелистер.

Пред новите газди и на прославата на 35.годишнината од формирањето на навивачката група, Шкупи не успеа да го избегне поразот од Силекс. Екипата од Кратово победи со головите на Додев во седмата и 44.минута.

Во исто време Гостивар дури во финишот успеа да го скрѓи отпорот на Тиквеш. Стрелец на единствениот гол беше Машике во 84.минута.

Работнички ја прекина серијата од пет натпревари без победа, во која четири пати ремизираше и запиша еден пораз. „Романтичарите“ имаа минус од еден гол против Беса (стрелец Ракип во 22. минута), н0 во продолжение возвратија со четири гола. Содик во 27.минута изедначи, а потоа во интервал од 60 до 76.минута најпрвин погоди Гандо, а потоа со два гола Регба го постави конечниот резултат 4:1.

Брера и Струга во Струмица постигнаа по еден гол и освоија по еден гол. Интересно во 60 секунди беа постигнати головите, Тодоровски погоди за Брера во 59., а веќе во следната минута возврати Укпа.

Табела:

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА