Утрински Весник
Свет

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

20241124135232 Big 730x400 99.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пакистанските власти денеска ги прекинаа услугите на мобилната телефонија и интернетот „во области кои не се безбедни“ додека поддржувачите на поранешниот премиер Имран Кан се подготвуваат за демонстрации.

Оваа одлука Владата и МВР ја соопштија преку социјалната мрежа Икс, која инаку е забранета во Пакистан.

Тие не ги прецизираа областите, ниту пак кажаа до кога ќе биде прекинот на услугите.

„Интернет и мобилните услуги ќе продолжат да работат без прекин во останатиот дел од државата“, се наведува во тие најави.

Во меѓувреме, телефонската компанија Naiatel им нуди на клиентите „сигурна фиксна услуга“ како решение во областите каде што услугата за мобилни телефони е суспендирана.

Поранешниот премиер Кан е во затвор повеќе од една година и против него се водат околу 150 кривични постапки.

Но, тој останува популарен и неговата политичка партија, Техрек е Инсаф, наведува дека обвиненијата против него се политички мотивирани.

Пакистан веќе го затвори главниот град Исламабад со бродски контејнери, како и главните патишта и автопати кои го поврзуваат градот со упориштето на партијата на Кан во провинциите Пенџаб и Хајбер Пахтунхва.

Можете да прочитате

ЕУ ќе ѝ даде заем од 90 милијарди евра на Украина, три земји одбиваат да учествуваат

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца