Утрински Весник
Македонија

Утринава -10: Каде беше најстудено а каде најтопло?

Studeno Vreme.jpg

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Најниска температура од -10 степени Целзиусови е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерен 1 степен Целзиусов.

На Попова Шапка е измерена температура од -8 степени Целзиусови, -7 во Крива Паланка, Битола и Маврови Анови, -6 во Скопје-Петровец, Крушево, Тетово, и Прилеп, -5 во Велес, Демир Капија, Охрид и Претор, -4 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница и Куманово, а -3 степени Целзиусови во Кавадарци.

Според извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа дожд врнело во Битола, Маврови Анови, Крушево и Тополчани, но секаде наврнатиот воден талог е понизок од еден литар на квадратен метар.

Од УХМР најавуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час