Утрински Весник
Економија

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

Petrushevska 23.11.jpg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

На Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на расправата по поднесените амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска вели дека ако треба да се објасни што значи хипокризија како класичен и школски пример, можат да послужат амандманите кои ги поднесува опозициската СДС.

„Внимавајте, Социјалдемократскиот сојуз поднесува амандман за зголемување на трансферот на средства до заштитните друштва, а токму Социјалдемократскиот сојуз којшто седум години беше на власт, во 2023 година подготви закон со којшто сакаше да ги намали, односно да ги укине поволностите токму на овие заштитни друштва. И најверојатно со причина тука последна потпишаната госпоѓа Јованка Тренчевска, не е овдека да говори на овој амандман”, прецизна е Петрушевска.

Таа појаснува дека во изминатите седум години власт, СДС го имале портфолиото за Труд и социјална политика кое сега со реорганизација истото премина во Министерство за економија и труд.

Меѓутоа, додаде Птрушевска, тоа не го менува фактот дека во претходните седум години е покажана класична негрижа кон овој таргет на граѓани и дека кон истите треба да се постапува со големо внимание и без политизирање.

„Вие демонстриравте негрижа, но денес после само пет години сакате да говорите за социјална правда. И јас, да, сум за социјална правда, меѓутоа вие имавте време точно седум години. Седум години имавте министерки, министерката Мила Царовска, Јагода Шахпанска и Јованка Тренчевска којашто денеска не е тука да говори за амандманот”, констатира Петрушевска.

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година