Утрински Весник
Македонија

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Img 0600 1000x500 1.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шеќеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО, соопштија од претседателскиот кабинет.

За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата. Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шеќеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани. Со изборот на Радмила Шеќеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Реакција на Платформата за Антикорупција на нетранспарентноста на процесот на преговарање и договарање на т.н. договори Влада со Влада

Филипче од Гостивар: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

СДСМ: Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и кумските шеми со профити од 350.000 евра!