Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%

1729964432 Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%.

СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија.

Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.

Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.

Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи

Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО.

Можете да прочитате

Засега нема информации за македонскиот државјанин кој се води за исчезнат по несреќата во Кран Монтана

Десет килограми кокаин откриени во автомобил во скопско

Во месец декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик