Утрински Весник
Свет

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Orban.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека налогот за апсење на Нетанјаху издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) „нема воопшто да го разгледува.”

МКС вчера издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, и лидерот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.

Орбан, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на годината, за државното радио изјави дека налогот за апсење на МКС е „погрешен“ и рече дека израелскиот лидер ќе може да води разговори во Унгарија „со адекватна безбедност“.

Можете да прочитате

Путин: Влегувањето на европски трупи во Украина би значело војна со Русија

Бројот на заразени со ебола надмина 7.000 во ДР Конго

Израел активираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи потрес со јачина од 4,1 степен