Утрински Весник
Македонија

Мециновиќ откри: Против пратеникот кој го опцу Апасиев има две кривични – едната е за крадење вода

Screenshot 20240607 145530 Messenger 1024x571 1.jpg

Втори пратенички прашања, а ВМРО-ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието, соопштија од Левица по инцидентот во кој беше вмешан и нивниот лидер Димитар Апасиев. Велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се насилници.

Според портпаролот на Левица и пратеник, Амар Мециновиќ, неговите колеги од најголемата владеачка партија користат „најодвратни механизми за провокација и навредување“.

-Анонимниот Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниска говорница денеска го опцу претседателот на Левица, споменувајќи го неговото семејство. За јавноста да биде интересно, за овој пратеник има две кривични пријави – едната за дивоградба во Лозово, а другата за крадење на вода, односно див приклучок. Е за вакви луѓе се работи, рече Мециновиќ на прес-конференција.

Портпаролот на Левица го обвини и пратеникот Александар Велјановски дека заедно со Јованчев „пробаа насилнички и малограѓански да изведат сцена со која ќе избегнат одговарање на прашањата на Левица“.

-Ние сме шестина, тие се 58. Нека бидат уште 150, не се плашиме на бизнисмените на Мицкоски. На секој насилнички одговор, ние само ќе одговориме пожестоко, додаде Мециновиќ.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички, го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пуза.

Тензијата настана кога едно прашање најавено за министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, го пренасочи за премиерот Христијан Мицкоски. Прашањето се однесуваше на назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски преку процедурална интервенција тврдеше дека такво пренасочување на прашањата во последен момент не е дозволено со Деловникот. Од друга страна, Крмов од Левица тврдеше дека е можно.

Потоа, во дискусијата жестоко се вклучи Апасиев, па се собраа повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон клупите на опозиционерите.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина