Утрински Весник
Македонија

Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра, бара СДСМ

Super Market 1 1 1.jpg

„Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари, што е ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец. Месечната кошничка за основните потреби на граѓаните стана прескапа“, велат од СДСМ.

„Ова е резултат на погрешната политика на Мицкоски кој ги игнорира потребите на граѓаните и не презема мерки за заштита на стандардот.

СДСМ предложи конкретни законски решенија кои како мерки веднаш ќе донесат олеснување кај граѓаните, намалување на цените и покачување на платите.

Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ:

-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.

-Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.

Доста беше политичка ароганција и инает, граѓаните осиромашуваат, време е конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност“, соопшти СДСМ.

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена