Утрински Весник
Балкан

Снег вее во Србија – се очекуваат уште пообилни врнежи

7 4.jpg

Вечерва во повеќе делови во Србија врне снег. На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни при возење.
Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно предупреди дека во Србија попладне се очекува нагло опаѓање на температурата, со врнежи од дожд кои ќе преминат во снег и лапавица.

„Вечерва и дождот ќе премине во лапавица и снег. Можеби ќе заглават автомобили, но тоа се уште не е сигурно. Снежната зона се приближува до Белград, моментално врне снег во Сремска Митровица, Ваљево, Лозница. Снегот веќе го зафати северот на Босна и Славонија, а се движи кон Србија“, рече српскиот метереолог Иван Ристиќ.

Можете да прочитате

Продолжува истрагата на српското МВР во Ректоратот за смртта на 25-годишна студентка 

Силен земјотрес ја погоди Грција

Медиумски здруженија повикуваат на протест поради напади врз новинари во Србија