Утрински Весник
Свет

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив

20241120071632 Big 730x400 12.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за Украина, потег што може да помогне да се забави рускиот напредок на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од САД.

Соединетите Американски Држави очекуваат Украина да користи мини на своја територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили, изјави американски официјален претставник.

САД ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додаде официјалниот претставник. Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „непостојани“ и стануваат инертни по однапред одреден период.

За детонација им е потребна батерија и нема да експлодираат откако таа ќе се испразни. Украина вчера употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија, искористувајќи ја новата дозвола од администрацијата на Бајден на 1.000-тиот ден од војната.

Москва соопшти дека употребата на ATACMS, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон досега и ја испорача на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.

Можете да прочитате

Јужнокорејските опозициски партии поднесоа предлог-закон за импичмент на претседателот

Северна Кореја засега молчи за политичките превирања во Јужна Кореја

Поранешниот претседател на Јужна Кореја: Земјата е во криза