Утрински Весник
Македонија

Маричиќ со честитка до Шекеринска: Денес е голем ден, ми беше чест што служевме во иста влада

467525150 1032072665600332 8149605772976215909 N.jpg

Порнашениот министер за правда и вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ на социјалните мрежи упати честитка до Радмила Шекеринска за нејзиниот избор за заменик генерален секретар на НАТО

„Радмила собира во себе се’ што е најдобро од македонската, но и светската политика: чесност, работливост, упорност, служење на граѓаните во тешки времиња, успех во секоја област во политиката каде што работела, како и трајна приврзаност кон вистинските вредности за Северна Македонија и за демократијата насекаде.

Многумина кај нас го знаат и го ценат тоа, но со денешното нејзино назначување за заменик генерален секретар на НАТО, сето ова го верификуваше и целиот демократски свет. Моја чест и привилегија беше да служиме во иста Влада и да работиме заедно на повеќе задачи и цели во политиката и во општеството. Од срце и го честитам изборот за втор човек на најмоќниот воено-политички сојуз на светот и посакувам многу среќа во исполнување на оваа важна должност во тешко време.

Денес е голем ден за нас и за државата, треба да сме среќни и горди. Честитки од срце Радмила Шекеринска“ стои во објавата на Маричиќ.

Можете да прочитате

Славески потврди дека се консултирал со Мицкоски за влезот на Алта банка, сега се бара купувач

НБРМ: Три олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“: повисок лимит, нови шалтери и целосна исплата на новите приливи

ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието