Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Мицкоски, главниот лик на новиот режим, функционира единствено со притисоци и закани 

Grad Skopje.jpg

Соопштение на Град Скопје:

Неколку месеци по седнување во премиерската фотеља, шефот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, започна со перфидни затскриени пресметки со сите кои му го попречуваат патот до институциите и нивните буџети. Градот Скопје е предмет на блокада од неговите послушници во Советот, каде веќе 3 години се обидува да префрли вина на друг за одлуки кои само неговите советници на чело со Трајко Славевски можат да ги донесат.

Денес како и во изминатите 3 години, повреденото его на Мицковски и неговите удари се насочени повторно кон град Скопје, а на удар се градоначалничката и директорите на скопските јавни претпријатија. Од опозиција срамежливо повикуваше на оставки и упатуваше дискретни закани, а сега од позиција на моќ директно се пресметува и око не му трепнува што граѓаните трпат поради неговата суета.

Поврзано со неговите коментари за промени на директорските позиции во јавните претпријатија, должни сме да го потсетиме Мицкоски дека процесот на промени на директори започна со неговиот близок другар од детството Филип Пасху, кој од позицијата Директор на ЈП Паркинг Скопје даде оставка по само 3 дена од именувањето бидејќи кадровикот Мицкоски направил погрешна проценка, за на негово место да седне сегашниот директор на АНБ повторно близок до Мицковски, кој во моментов е актуелен со скандалот поврзан за веродостојност на сертификат за познавање странски јазик.

Следен беше разрешен директорот на Мицкоски кој закла 10 коњи во ЗОО Скопје, а потоа најблискиот и најпослушен Мицковистички директор кој беше фатен со рачињата во медот. По обелоденување на истото, следеа по налог на шефот 7 оставки од Мицковистичката директорска екипа, кои послушно во ист ден објавија идентичен текст напишан за таа намена од ПР центарот на Мицковизмот, дека немале соработка каква очекувале.

Дополнително јавноста сигурно го памети поранешниот директор на Комунална Хигиена Зуди Кока, за чиј брат Мицкоски јавно тврдеше дека со пиштол се обидел да го убие при протестите во Скопје и лично инсистираше Кока да се разреши. На Мицкоски сега не му е проблем истиот тој Зуди Кока, повторно коалициски да биде поставен за директор во неговата Влада, иако брат му се обидел да го убие.

Мицкоски сега е централна власт, а локална власт е веќе 3 години, да цветаа општините во Македонија кои се под негово партиско водство, можеби некој и ќе му веруваше на тоа што го зборува. Бидејќи не успеа да биде шпицен градоначалник, време е да го одблокира градот и да ги остави Скопје и скопјани на раат. Наместо да се занимава секојдневно со градот Скопје, нека се погрижи “патриотот” Мицковски да им испорача на граѓаните на Македонија тоа што им го вети пред изборите, бидејќи за тоа не може да му биде друг виновен, туку единствен виновник на Мицкоски ќе му биде Мицкоски.  

Можете да прочитате

Дел од приватните превозници ќе возат редуцирано додека не ги добијат парите од ЈСП

Дочек на Нова година во Скопје на плоштад „Македонија“ сепак ќе има – Ќе настапат домашни изведувачи

Дочек на Нова година во Скопје на плоштад „Македонија“ сепак ќе има – Ќе настапат домашни изведувачи