Утрински Весник
Македонија

Петровска прва и честиташе на Шекеринска

Slavjanka Petrovska.jpg
Dik 300x250 mk

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, меѓу првите упати честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното назначување за Заменик генерален секретар на НАТО.

Во својата објава, Петровска ја истакна гордоста и признанието што оваа значајна позиција ја презема токму Шекеринска, нагласувајќи дека нејзиниот труд, посветеност и лидерство се инспирација за сите кои ја познаваат.

„Оваа позиција е големо признание не само за Шекеринска, туку и за Северна Македонија, која продолжува да ја зајакнува својата улога во глобалната безбедносна архитектура. Назначувањето на Шекеринска за високата позиција во НАТО е доказ за квалитетот на кадрите што земјата ги нуди на меѓународната сцена. NATO #СевернаМакедонија #РадмилаШекеринска #Честитки“ стои во објавата на Петровска.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи