Утрински Весник
Македонија

Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга

Nikiloski.webp.webp

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вчеравечер во емисијата “Топ Тема” на ТВ Телма, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Како што рече министерот Николоски, проектот има три главни недостатоци меѓу кои  цената, изводливоста и тунелското решение.

 “Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај”, истакна министерот Николоски и додаде:

“Компанијата која што го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која што не ја заврши штипската болница и со која што сега Република Македонија е на арбитража. Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот”, истакна министерот Николоски.

Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцираше дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

“Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8”, истакна министерот Николоски.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме