Утрински Весник
Македонија

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

20241118215621 Big 730x400 82.webp.webp

Со претрес по амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година, денеска треба да продолжи комисиската расправа во Собранито.

Расправата за Буџетот за следната година на собраниската Комисија за финансирање и буџет трае 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница.

За Предлог–буџетот за 2025 година се поднесени вкупно 308 амандмани од кои 204 од опозициската СДСМ. Согласно законот, Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември.

На четвртиот ден од собраниската комисиска расправа со кој вчера беше исцпрен општиот претрес, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите околу Предлог-буџетот за 2025 година. Според едните, буџетот е развоен, домаќински и базира на дисциплина, мерење резултати, анализи, проверки и стратешко планирање, а според другите е нереален, покажува немање визија и треба да се врати на доработка во Владата.

Љупчо Николовски од СДСМ во попладневниот дел од расправата ги повика колегите пратеници да зборуваат конструктивно, со аргументи, во насока на, како што рече, подобрување на предложениот буџет. Дебатата, оцени, е сведена на деградирања, омаловажувања, обвинувања и на тоа кој како ги изгубил изборите, наместо на изнесување факти и суштина.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во излагањата, генерално, ги повторуваа бројките проектирани со Предлог-буџетот, изнесуваа и обвинувања на сметка на претходната власт. Уште еднаш беа спомнати и покачувањата на платите и пензиите, подобрувањето на стандардот на студентите, инвестициите во образованието, здравството, инфраструктурата,. . .

Со Предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41,350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти.

Можете да прочитате

Мурат: Владата да ја поништи незаконската одлука таканаречен „Музеј на христијанско и исламско културно наследство“

Битола доби Музеј на христијанското и исламското културно наследство

Студентите утре на протест: Бараат нови и ефикасни транспортни решенија