Утрински Весник
Македонија

АХВ: Спречен е нелегален транспорт на телиња

Ahv.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од страна на граничната полиција на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно возило од Скопје, утврдено е дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните (искористени сертификати за движење на животните од истото одгледувалиште), со валидни пасоши за животните, објави Агенцијата за храна и ветеринарство.

При извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на официјален ветеринар од подрачна единица на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ) од Дебар, констатирано е дека се работи за превоз на 17 говеда (телиња) на старост од 8 до 10 месеци, со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, општина Прилеп.

Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните.

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека продолжува со бескомпромисната борба против корупцијата и справување со сите незаконски дејствија од минатото.

Можете да прочитате

Уапсен скопјанец баран со потерница

Фрчковски : Програма 300 дел од новата сила на СДСМ

Тошковски за „Сејф сити“: На Клиниката за трауматологија помалку пациенти со тешки телесни повреди