Утрински Весник
Македонија

Гаши во работна посета на Европскиот парламент, средби со Роберта Мецола, Томас Вајц и Тијс Рутен

Gasi.webp.webp

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе оствари работна посета на Европскиот парламент во Брисел, при што ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Во рамки на посетата, како што соопшти собраниската прес-служба, предвидени се средби и со Томас Вајц, известител за РС Македонија во ЕП и со Тијс Рутен, известител во сенка од политичката група на социјалдемократите.

Според агендата, утре, на иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО ќе биде организирана работна посета во седиштето на НАТО на претседателот на Собранието Гаши и делегација од пратениците, во чиј состав се координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, координаторот на СДСМ Оливер Спасовски, заменик-координаторката на ВРЕДИ Мерита Колчи-Коџаџику, заменик-координаторката на ДУИ Арбана Пашоли, претставникот од ЗНАМ Павле Арсоски и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО Драган Ковачки.

Предвидена е средба со вршителот на должност заменик-генерален секретар на НАТО, Борис Руге и брифинзи со високи официјални претставници на НАТО од Одделот за политички прашања и безбедност и Одделот за јавна дипломатија.

Работните посети на Гаши на овие две важни меѓународни институции, како што е наведено во соопштението, се со цел високите официјални претставници на ЕП и НАТО да бидат изворно информирани за актуелните политички и општествени случувања во земјава, во контекст на европската интеграција на земјава и обврските што ни произлегуваат од членството во НАТО.

-Нашата делегација ќе има можност да се запознае и со видувањата и ставовите на своите соговорници за актуелните состојби и идните предизвици на ЕП и НАТО, во контекст на политиката на проширување, очекувањата на земјите кандидати за членство во ЕУ и за погледите на НАТО во светло на тековните безбедносни предизвици во регионот и пошироко, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Можете да прочитате

НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА

ДОМ: Aпел до пратениците за обезбедување буџетски пари за чистење на линданот во ОХИС

Мицкоски за апсењата на поранешните војници на ОВК: Секој што не го прекршил законот може слободно да дојде во Скопје