Утрински Весник
Скопје

Црвен крст на град Скопје од 18-24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица

Nedela Stari Lica E Poraka.png

Црвен крст на град Скопје од 18-24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Истата се организира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”. 

Во рамките на неделата, се организираат повеќе активности и тоа: информативни пунктови – мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје: автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај; фризерски и козметички услуги во Дневните центри за стари лица во ДХО “Даре Џамбаз”, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс; хуманитарен есенски базар во Веро Центар; посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”; посета и предавање во Здружение на пензионери Шуто Оризари и Здружение на пензионери Карпош; посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст – Струмица.

Овој сервис е поддржан од страна на Град Скопје, Албиз Фондација и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целта на социјалната услуга е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата, во активностите се вклучени повеќе од 1.500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.

Можете да прочитате

Герасимовски: Ја чистиме депонијата кај „Ист гејт мол“ иако не е под наша надлежност

Ќе се санира уличен дефект, за утре најавен прекин во водоснабдувањето на една улица во Скопје

Возете внимателно: Сообраќајка на булеварот „Партизански Одреди“