Утрински Весник
Спорт

Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“

20231228104425 Big 730x400 17.webp.webp

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје оствари победа над Летонија со 1-0 (0-0) во дуел од Лигата на нациите.

Македонските фудбалери со голот на Серафимов во 57. минута дојдоа до трите бода и ја обезбедија првата позиција во групата 4 која не носи во Лига Б. 

Македонија има 13 бода, Фарски Острови имаат шест, а Ерменија и Летонија по четири.

Нашите фудбалери во недела ги очекува и последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Нации кога во Скопје гостуваат Фарски Острови. Дуелот почнува од 15 часот.

Можете да прочитате

Англискиот судија Кут под истрага на УЕФА

Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство

Олимписка и светска шампионка во боб се финансира од еротика