Утрински Весник
Македонија

Николовски: Поголема контрола на ГП Блаце, во радар брзите пошти

Viber Image 2024 11 14 15 49 39 990.jpg

Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничен премин Блаце се со цел спречување обиди за криумчарење на поштенски пратки. Ова беше истакнато на денешниот состанок на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши.

„Во два случаи спречени се обиди за шверц на поголеми пратки со брза пошта. Тргнавме во правец на целосно искоренување на ваквите обиди. Притоа ќе одиме со засилени контроли на граничниот премин”, истакна Николовски.

Воедно двете страни договориле унапредување на соработката.

Можете да прочитате

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани

Oд Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници за повредените од Кочани