Утрински Весник
Македонија

Филипче: Речиси двојно зголемен буџетот за нови возила за функционерите

Filipcesobranie Scaled.jpg

Зголемување од фантастични 75% за набавка на нови возила за функционерите, предвидува власта, во Буџетот за 2025 година, контрадикторности и расипнички трендови, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прва седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025. ВМРО ДПМНЕ како владејачка партија, се разликува од она што го говореше во опозиција, рече Филипче.

„Опозиционерот Мицкоски не го познава премиерот Мицкоски, така изгледа и опозиционерката Кочоска не ја познава министерката Кочоска.

Да ја цитираме тогашната опозиционерка денес министерка за финансии: „Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ“. Е денеска, вие самата предлагате покачување на 19% на буџетот за стоки и услуги, од 58, на 72 милиони! Јас министерке би се срамел од ова.“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ВМРО ДПМНЕ во опозиција ревносно критикуваше набавки на возила за министерствата, а сега во предлог Буџетот предвидува да купи двојно повеќе луксузни возила за функционерите, од време на СДСМ.

„Знаете ли колку прес конференции одржа ВМРО опозициска за набавка на возила, на пример. Јас паметам преку 10 каде кажувавте како расипнички се трошеле парите на возила и луксуз. Ај да го видиме вашиот буџет. Зголемување за фрапантни 75%! Па нели беше расипништво тоа? Речиси двојно повеќе возила за функционерите ќе купите од СДСМ.“-додаде Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче укажа на загрижувачкиот тренд на зголемување на средствата за Министерството за внатрешни работи, додека истовремено се намалуваат средствата за Министерството за одбрана. Тој потенцираше дека Северна Македонија е земја членка на НАТО, и оваа разлика во распределбата на буџетските средства е неприфатлива и невообичаена, особено кога се разгледува безбедносната ситуација на регионално ниво.

Можете да прочитате

Лимани: Историјата за ОНА не може да се избрише

Спасена е жената во мавровското село Леуново

Вреди: ДУИ треба да си поднесе интерпелација самата на себе