Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е позната по политизација на безбедносните структури, но системот „Ало началниче“ нема да се врати

2 10 1.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, коментирајќи ја вчерашната седница за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност, кажа дека и ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека незаконски поставиле директор.

Филипче, потсети дека во периодот на претходното владеење, ВМРО-ДПМНЕ вршело политизација на безбедносните служби, но дека денес, СДСМ нема да дозволи тоа да се повтори.

„Политизација на безбедносните и партиските структури е нешто што сме го виделе во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но сакам јасно да му порачам на премиерот дека СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури“ изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ изрази очекување дека Основното јавно обвинителство ќе го разреши случајот со поставувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ и праша на каков начин, низ каква постапка Христовски претходно бил избран за асистент на Факултетот за безбедност.

Можете да прочитате

Петровска: Мисајловски излезе од периметарот на САД – Македонија останува без дел од воената помош

Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација