На овој значаен ден, 13 Ноември, со гордост и почит го одбележуваме денот на ослободувањето на нашиот главен град, Скопје. Денес се потсетуваме на храброста и пожртвуваноста на оние кои се бореа за слободата и иднината на нашата татковина, велат од Министерството за јавна администрација.
-Скопје е град на историја, но и на современост, на култура, солидарност и развој. На овој ден, се обврзуваме дека ќе продолжиме да работиме на неговиот напредок, на создавањето на подобри услови за сите нас и за генерациите кои доаѓаат. Нека ни е честит 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје.