Утрински Весник
Македонија

Одржана втората седница на Советот за имплементација на Проектот за администрирање на социјалното осигурување – СИАП

1ce0def1 195d 461e 9207 Cbb8d57a8d2a.jpg

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски ја водеше втората седница на Советот за следење на имплементацијата на Проектот за администрирање на социјалното осигурување – СИАП.

Пред присутните, Велковски накратко се осврна на СИАП проектот за чие имплементирање и координирање надлежно е Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и на Советот за следење на неговата имплементација и на улогата на Советот. 

Основна цел на Проектот е подобрување на квалитетот на услугите во администрирањето на социјалното осигурување и унапредување на законската рамка која ги уредува прашањата кои се однесуваат на вработувањето и работното оспособување на лицата со попреченост и ревидирањето на листата на работните места со стаж на осигурување со зголемено траење (бенефициран стаж).

„Според активностите на проектот, може да се заклучи дека станува збор за прилично комплексен и обемен проект од аспект што неговата реализација ги вклучува речиси сите институции на задолжителното социјално осигурување, па и повеќе.  Поради тоа, формиран е Совет кој има за задача да го следи спроведувањето на активностите во рамки на институциите надлежни за имплементација на СИАП проектот и роковите за нивно спроведување и да носи заклучоци за прашања поврзани со спроведувањето на активностите од Проектот”, рече Велковски.

На денешната седница на Советот, беше разгледана Информацијата за активностите во СИАП проектот и нивниот тековен статус на имплементација, а фокусот беше ставен на воспоставувањето на единствениот регистар на задолжително социјално осигурување.

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух а се фали со централата- стратешката инвестиција на СДСМ

ДЗР: Континуираните загуби во работењето на „Пошта“ влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата

Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот” на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија