Утрински Весник
Македонија

„Таа беше земена од пред врата“ – сведочењето на Маја Спировска за исчезнувањето на Вања

Whatsapp Image 2024 11 13 At 10.56.06.jpeg

Во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за случајот со убиствата на Вања и Панче, а во вчерашното рочиште сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања. Спировска беше постојано во станот на Зорица кога се случило исчезнувањето на Вања, а сведочењето ја осветли динамиката на настаните.

„Сите бевме во паника, сите ја баравме Вања. Имаше колешки од кај Зорица на работа, имаше и инспектори. Гледавме и некои снимки. Таму беше и Гоце. Така констатиравме дека е земена од пред врата, бидејќи на ниту една снимка не се гледаше дека таа излегла од зградата“, рече Спировска. Таа додава дека Гоце ја открил трага на возилото, за што имало најава од Фејсбук. Спировска објасни дека во тој момент не биле сигурни дали возилото припаѓа на Панче од Велес, кој бил поврзан со исчезнувањето.

„Гоце ми го покажа возилото и ми кажа дека го бараат возилото на Панче од Велес по Фејсбук. Ние тогаш мислевме дека тоа може да биде некој педофил или некој со кого Вања контактирала. Мислевме дека имаме некаква трага. Тогаш не знаевме дека возилото е директно поврзано со исчезнувањето на Вања“, сведочи Спировска.

Таа исто така сподели дека еден човек бил забележан како набљудува зградата со мобилен телефон, по што пристигнала кола со БМВ која го однела истиот човек. „Тогаш не ни беше јасно, ниту пак се сомневавме дека станува збор за организирано грабнување“, додаде сведокот.

Судскиот процес продолжува со размена на нови информации кои треба да ја осветлат мистеријата околу исчезнувањето на Вања и Панче, а Маја Спировска продолжува да дава важни сведоштва во текот на судењето.

Можете да прочитате

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница

Левица: Владата троши 450.000 евра за луксуз, додека гласа против минимална плата од 500 евра

Кои се министрите кои се спасија од обвинение за пожарот во „Пулс“