Утрински Весник
Свет

Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети и дронови

20241113084445 Big 730x400 3.webp.webp
Dik 300x250 mk

Русија во текот на ноќта и утринава ја нападна Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следеше и напад со дронови-камикази, соопштија украинските власти.

Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале кон Украина, пренесува Укринформ.

Во Киев утринава се слушнаа експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставија целата земја под тревога за воздушен напад по лансирањето руски ракети.

Во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија употреби крстаречки ракети лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети, соопшти украинската војска.

– Експлозии во градот. Силите за воздушна одбрана оперираат. Останете во засолништа, објави градската управа на Киев на Телеграм.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците