Утрински Весник
Свет

Драма на лет за Франкфурт: Авион влетал во турбуленции, повредени 11 лица

Avioni Let.jpg

11 лица се повредени во авионот на германската компанија „Луфтханза“ на релација Буенос Аирес – Франкфурт, кој влетал во поле на многу силни воздушни турбуленции, пренесуваат светските медиуми.

Боингот 747-8 влетал во краток период низ многу силни воздушни турбуленции над Атлантикот, а портпаролката на германската авиокомпанија изјавила дека „турбуленциите биле предизвикани од тропските воздушни струи“ и потврдила дека се повредени пет патници и шест членови на екипажот, пренесува британски Мирор.

Според портпаролката на Луфтханза, во моментот на инцидентот, авионот летал во т.н. внатрешната тропска зона на конвергенција, т.е. екваторијалното атмосферско поле со низок притисок.

„Тоа значи дека има воздушни струи во ова поле со низок воздушен притисок што може да доведе до силни турбуленции“, прецизираше портпаролката на германската авиокомпанија.

Можете да прочитате

На Шпанија и се заканува ново невреме, вклучен портокалов аларм

Украина може да ја плати цената на ветувањата на Трамп

Кина планира намалување на даноците за купување на дом